РКЕ одлучи, од полноќ поскапи цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме поскапи бензински и дизел горива.

Согласно денешната одлука, цените на бензиските горива поскапуваат за 0.5 денари, додека дизел горивото останува со иста цена. Со самото тоа цената на EУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 64,00 денари и дизел горивото останува со цена од 48.00 денари за литар.

Денешната одлука на РКЕ ќе биде во важност од полноќ, во текот на наредните две недели, кога се очекуваат нови цени за горивата.

Предложена објава:
’16 BMW 750i vs ’16 Mercedes S550

Close