РКЕ одлучи, од полноќ поевтини цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме поевтини бензински и дизел горива.

Согласно денешната одлука, цените на бензиските и дизел горива поевтинува за 3 денари за литар. Со самото тоа цената на EУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 62,00 денари и дизел горивото ќе се продава со цена од 47.00 денари за литар.

Денешната одлука на РКЕ ќе биде во важност од полноќ, во текот на наредните две недели, кога се очекуваат нови цени за горивата.

Предложена објава:
Забележан прототипот на првиот SUV модел од Lamborghini

SUV моделот на Lamborghini на пазарот ќе се појави во...

Close