Рекордни бројки за Lamborghini во првата половина од 2016-та година

Во соопштението на Lamborghini се вели дека тие само во првата половина од 2016-та година продале дури 2,013 автомобили, што е рекордна бројка за оваа компанија.

За разлика од ланската 2015-та година кога Lamborghini продале 1,882 автомобили во првите шест месеци, оваа година продажбата порасна за дури 7 отсто. Од компанијата известуваат дека само во месец Јуни биле продадени 416 автомобили што исто така е рекорд за нив.

Големи заслуги за ова има Lamborghini Huracan кој бил продаден во 1,370 примероци, додека Lamborghini Aventador бил продаден во 643 примероци.

Предложена објава:
Nissan GT-R Nismo 2017

Новиот модел на Nissan кој е најавен за 2017 година...

Close