Редизајнираната Toyota Corolla

Од Toyota, со нови фотографии за новата Toyota Corolla која ќе биде претставена во Труција кон крајот на Јуни, каде што и се произведува.

Најмногу измени има предниот дел со нов браник, нова маска кај ладилникот и LED дневни светла. За разлика од долниот дел на масаката кој се шири и има поставено светла за магла, горниот дел е помал, додека задните LED светла се со хрмоирани рамки. Дизајнот на новата Toyota е веќе познат, но за прв пат ќе го видиме ентериерот.

Инструмент таблата е скоро идентична како на претходниот модел, но од Toyota велат дека е подобрен квалитетот на користените материјали и тапацирот кои се во светла боја. Редизајнираната Corolla има и нов милтимедијален систем, Toyota touch 2 осетлив на допир од 7 инчи. На инструмент таблата е поставен 4.2 инчен екран со нов софтвер и подобрена графика.

Од Toyota велат дека се подобрени суспензијата и квалитетот на возењето. Вградени се помеки амортизери и нови пружини, додека управувањето е исто така доработено, па новата Corolla би требало да биде поостра во кривини.

Сеуште нема информации за каков мотор ќе користи новата Corolla. Но најверојатно нема да биде хибриден мотор, бидејќи во минатите две години требаше да добиеме нова генерација на седан која ќе ја користи платформата на новиот Prius кој е претставен на почетокот на 2016 година.

Кога се работи за цената, од Toyota изјавија дека нема да има промени, но опремата ќе биде малку побогата.

Предложена објава:
Електричен прототип од McLaren

До 2020 година, од страна на McLaren, ќе бидат претставени...

Close