Првични импресии по својот настап во Краљево 2016 ни пренесува Ристо Вуков – Рико

Викендов се одржа третата автомобилска трка на патеката Берановац во Краљево од кружниот шампионат на Србија. Рико на сите нас добро ни е познат по одличните настапи во картинг натпреварувањата, но од оваа сезона Рико се натпреварува во кружниот шампионат на Србија со своето Yugo. Иако е сосема нов почеток ново натпреварување нашиот Рико одлично се справува со останатите натпреварувачи кој имаат поголемо возачко искуство на истите патеки. Што точно се случуваше и како помина во Краљево ни пренесува Рико.

“Уште во четвртокот стигнавме во Краљево со цел да пробаме малку како пред тренинг, но не дозволија да возиме. Во петокот пробав неколку круга, колку да се запознаам со стазата, бидејќи ја немав возено никогаш. Саботата сабајлето на загревањето бев втори и на првиот тренингот завршив трети, што беше презадоволувачки, но на следниот главен тренинг се откачи еден дел каде што свртев само три круга и не успеав да направам време. Почнаа и проблеми со менувачот, ми исфрлаше од 4 брзина, но го потсредивме иако имавме резервен. Згрешивме по моја желба да не се менува ништо. Но во неделата дојдов до 8 позиција, што веќе на 7 круг одкажа менувачот што неможев да ја завршам трката… Следува Уште следниот викенд каде што се надеваме на подобро без никакви проблеми.”

Тимот на Авто портал и во иднина ќе ги следи настапите на Ристо Вуков-Рико кој претставува вистински талент кога се во прашање автомобилските патеки.

*Фотографија: Facebook профилот на Рико.

Предложена објава:
Honda работи на нов модел

Од Honda велат дека дизајнот ќе биде сличен на Mazda,...

Close