Официјално претставено Renault Clio Facelift

Актуелната четврта генерација на Clio се појави 2012 година, прво како hatcback со пет врати, потоа како караван Grandtour и сопртско Clio RS.

Renault реши да го обнови Б сегментот со новиот модел на Clio за 2017 година, но нарачките за истото ќе почнат да се примаат од ова лето.

2017-renault-clio-3

На новото Clio има промени во предниот дел (LED светла, браник, маска), задните светла се со променета графика, нови алуминиумски бандажи и поголем избор на бои. Но интересно е што некој верзии ќе бидат понудени и со LED Pure Vision предни светла. Во понудата ќе биде и новиот R&Go infotainment sistem, како и Bose аудио систем.

2017-renault-clio-12

Во новото Clio ќе биде вграден 1.5 литарски DCI дизел мотор со 110 коњски сили поврзан на шест степенски мануелен менувач. За Clio Initiale Paris ќе бидат понудени два бензиски мотори со 90 и 120 коњски сили, два дизел мотори со 90 и 110 коњски сили, како и мануелен и EDC менувач со двојна спојка.

2017-renault-clio-13

Луксузната варијаната Initiale Paris ќе доаѓа со волан и менувач од Nappa кожа, кожни седишта во црна и црно-бела комбинација, Bose аудио систем, R-Link Evolution multimedia систем, задна камера, Easy Park Assist, ексклузивната боја Givré Grey…

2017-renault-clio-9

До сега од првото Clio во далечната 1990 година, продадени се 13 милиони возила од сите генерации на Clio.

2017-renault-clio-10

2017-renault-clio-14

Предложена објава:
Mercedes со зголемена продажба во Сад

Пред десет години, повеќето произведувачи се стремеа кон помала потрошувачка...

Close