Нов караван од Subaru

Од Subaru најавија нова верзија на моделот Levorg. Новата верзија ќе ја добие наставката Sport, понудена со стандардните мотори, но суспензијата ќе биде комплетно променета како и дизајнот, кој ќе биде многу поагресивен.

Новата верзија ќе се разликува со нови браници, различна предна хауба, нови ауспуци како и 18 инчи алумински фелни. Бојата на возилото ќе биде исто така импресивна и ќе го носи називот WR Blue Pearl.

Ентериерот ќе биде уреден со спортски седишта тапацирани во црно-црвена кожа, спортски управувач „одсечен“ во долниот дел, додека STI логото ќе допринесе за спортскиот изглед.

Покрај сите овие промени, инжинерите на Subaru направија промени и на стандардните амортизери со спортски, од брендот Bilstein. Спортскиот 4×4 караван, доаѓа со два бензиски агрегати од 1.6 и 2.0 литри со по 170 односно 300 коњски сили. Максималниот вртежен момент на двата агрегата е 250 односно 400 Nm, поврзани на вариабилен менувач Lineartronic.

За жал оваа верзија ќе биде достапна само во Јапонија, а цената ќе се движи од 31.000 до 36.000 американски долари.

 

Предложена објава:
A3 слави 20 години постоење

Првата верзија на Audi A3 со три врати е претставена...

Close