Новото Renault Twingo GT

Третата генерација на Twingo GT ни доаѓа со комплетно изменета каросерија, појачан мотор кој се наоѓа во задниот дел и погон на задните тркала.

За новото Twingo беа предвидени две верзии на мотор, атмосверски 1.0 литри со 70 коњски сили и турбо бензинец од 900 кубика со 90 коњски сили. Сепак во новото Twingo ќе има вградено специјално изработен мотор, трицилиндерски турбо бензинец од 898 кубика со 110 коњски сили и вртежен момент од 170 Nm.

Стандардното подесување на ESP не дозволува ни мало пролизгување на задниот дел, но во новото Twingo GT ќе има опција која е исто така специјално направена што ќе дозволува малку дрифтање, но до одредени граници.

Со тркалата од 17 инчи и многубројни детали, новото Twingo GT ќе се разликува од стандардните верзии.

Предложена објава:
Редизајнираната Toyota Corolla

Од Toyota, со нови фотографии за новата Toyota Corolla која ќе...

Close