Новиот Volvo V90 во кампања со Ибрахимович

Новата кампања за прв пат ќе биде претставена во живо на 30 мај, а доаѓа во моментот на поранешна соработка на бившиот напаѓач PSG (Paris Saint-Germain) и шведската премиум автомобилска марка.

Кампањата промовира независност на умот и моќноста која произлегува од способноста да се размислува различно. На Златан Ибрахимович и Volvo животните патишта имаат многу сличности. „До своите достигнувања во Volvo дојдовме на оргинален начин, без имитирање на она што другите го прават“, вели Anders Gustafsson, потпретседател на Volvo Cars групата во Европа, Блискиот исток и Африка.

Volvo Cars групата и Златан Ибрахимович соработувале и порано, и тоа на незаборавната кампања во 2014 година, во која фудбалерот ја рецитираше шведската химна во текот на лов во оддалечените скандинавски шуми. Новиот Volvo V90 доби многу позитивни критики од медиумите од целиот свет. Овој модел се надополнува на успешните Volvo каравани кои имаат повеќе од 60 години традиција со легендарниот Volvo Duett модел. V90 е премиум модел кои ги подигнува карактеристиките за една класа во поглед на естетиката и квалитетните материјали, а притоа истакнува практичен карактер на вистински караван.

Предложена објава:
Одмерување на силите, Civic Type R vs Golf GTI Clubsport S

Honda и VW си ги одмерија силите. И Honda и...

Close