Нова генерација Ford Fiesta

За почетокот на 2017 година, Ford најави нова генерација на својот модел Fiesta. Новата Fiesta ќе биде базирана на Global B платформата со многу мали промени во димензиите, од неколку милиметри. Предниот дел ќе биде сличен на коцка, предната решетка ќе биде изменета и предните светла ќе бидат помали.

Агрегатот на Ford, добро познатиот четирицилиндричен EcoBoost со 80 коњски сили, ќе биде заменет со трицилиндричниот со турбо полнач, кој ќе се користи на новата Fiesta.

 

Ентериерот од веќе гумираните површини ќе биде заменет со меки материјали. Информатичкиот систем SYNC 3 ќе биде целосно унапреден, па ќе се погрижи за целосна контрола на сателитската навигација, синхронизација со паметни уреди и секако музиката.

Предложена објава:
Audi R8 надграден од Wheelsandmore

Тјунерската компанија Wheelsandmore на Audi R8 V10 го вгради својот најснажен...

Close