Новата Opel Zafira

Opel Zafira е повеќенамеска изведба на Astra G, како одговор на Renault Megane Scenic, со концепт претставена во 1997 година во Франкфурт, на пазарот претставена во март 1998 година, додека во продажните салони е достапна на почетокот на 1999 година. Opel Zafira прва во својата класа, поседуваше 7 седишта во три реда, одвоени и лесно преклопливи. Но за развојот на овој модел има потпомогнато Porsche.

Втората Zafira, изведба на Astra H, доаѓа во 2005 година, а уште повеќе познатата Zafira Tourer, изведба на Astra J, се продава до крајот на 2011 година со вкупно 2.7 милиони примероци. Покрај добрата функционалност, залужен е и фактот дека се произведува на најдобрата производна лента на Opel во Бохум, позната по високиот квалитет и сигурност во време кога Opel не беше многу познат.

После пет пазарни години, дојде време за темелно освежување. Најприметлива е промената на маската во стил на новата Astra K. Покрај новата маска има и LED-Matrix светла, како и попрегледен кокпит. Димензиите од 466x182x169 cm и меѓуоскино растојание од 276 cm, ги преминува границите на C сегментот и преоѓа во сегментот D, во опција со пет и седум седишта. Багашниот простор е со 710 литри, но кога ќе се преклопат задните седишта, изнесува и до 1.860 литри. Во понудата ќе бидат мотори од 1.6 литри CDTI со 110 и 136 коњски сили, Bi-Turbo со 160 коњски сили и бензиски трицилиндарски 1.0 литри турбо мотор со 115 коњски сили.

Првите примероци се очекуваат кон крајот на 2016 година, а во зависност од опремата и моторот цената ќе биде различна. Цената за 1.6 CDTI би требало да биде околу 25.000 евра.

Предложена објава:
Нова генерација Ford Fiesta

За почетокот на 2017 година, Ford најави нова генерација на...

Close