Новата Opel Astra BiTurbo хеџбек

Новата Opel Astra доаѓа со нов 1.6 литарски BiTurbo CDTI мотор, 5 врати и цена од 27.210 евра.

Новиот мотор од Opel со комбинирана потрошувачка на гориво, може да помине 100 km со 4 литри, додека издувните гасови изнесуваат 106-109 g/km CO2. Од место до 100 km/h може да забрза за 8,6 секунди, додека од 80 до 120 km/h постигнува за 7,5 секунди и продолжува да забрзува до максимална брзина од 220 km/h. Оваа комбинација на високи перформанси и мала потрошувачка на гориво го прави овој BiTurbo мотор еден од најефикасните автомобили во сегментот C.

Покрај сјајните ефикасности, еластичноста е исто така главна предност на овој мотор со 118 kw/160 ks. Максималниот вртежен момент од 350 Nm се постигнува при само 1.500 вртежи во минута, поврзан на 6 степенски рачен менувач. Четирицилиндричниот мотор на само 4.000 вртежи во минута ја испорачува полната снага.

Новата Opel Astra доаѓа со интеграција за паметни уреди, сервисни асистенции, Opel OnStar-дигитална поврзаност и IntelliLux Led матрични предни светла.

Предложена објава:
Нов караван од Subaru

Од Subaru најавија нова верзија на моделот Levorg. Новата верзија...

Close