Новата Honda Civic, за европски пазар

Од неодамна, Honda го најави Civic hatcback за американски пазар, но исто така изјавија дека до крајот на овој месец на саемот за автомобили во Париз ќе биде претставена и европската верзија.

За разлика од досегашните генерации на Civic, оваа десетта генерација ќе биде подолга, поширока, пониска и полесна со простран ентериер. Должината ќе изнесува 450 cm, ширината 180 cm, висината 142 cm и ќе биде 16 Kg полесна. Меѓу оскиното растојание ќе изнесува 270 cm, додека багашниот простор ќе изнесува 478 литри.

2017-honda-civic-hatchback-previewed-by-concept-in-geneva_10

Од Honda велат дека европскиот Civic ќе ги добие и новите 1,0 и 1,5 литарски турбо мотори. Три цилиндерскиот 1,0 литарски турбо бензиски агрегат ќе развива 129 ks 200 Nm, додека четири цилиндарскиот 1,5 литарски i-VTEC турбо бензински агрегат ќе развива 182 Ks и 240 Nm. Подоцна може да се очекува и 1.6 i-DTEC дизел агрегат.

honda-civic-sdn-mahtar_in-04

Кога станува збор за менувачите, од Honda спомнаа шест степенски рачен и по избор автоматски CVT (постојано променлив пренос) менувач. Но, доколку се одбере CVT менувачот, треба да знаете дека таа комбинација располага со 20 Nm помалку од верзиите со рачен менувач.

maxresdefault-7

Во делот на опрема, новиот Civic ќе располага со Honda Connect забавниот систем, системи за асистенција, како и предупредување за судир, асистент за запирање, асистент за напуштање на лентата и многу друга опрема која што ќе ја дознаеме наскоро.

2017-honda-civic-hatchback-interior-630x420

Новиот Civic hatchback ќе почне да се произведува кон крајот на 2016 година, а во продажба ќе се најде на почетокот на 2017 година. Ќе се произведува во фабриката на Honda во Велика Британија, фабрика во која што е вложено 270 милиони евра за опрема, додека новиот Civic sedan ќе се произведува во фабриката во Турција.

honda_civic_hatchback_concept_04

 

Предложена објава:
Одмерување на силите, Civic Type R vs Golf GTI Clubsport S

Honda и VW си ги одмерија силите. И Honda и...

Close