Најстариот пикaп на Mercedes не е x-class?

Како што повеќето знаат, првиот пикап на Mercedes е x-class, но компанијата во седумдесетите години имала уште еден пикап наменет за латиноамериканскиот пазар.

w115-picape-3-e1477660106656

Сите многу добро го познаваме G63 AMG 6×6 на Mercedes, што високата цена го направи играчка на богатите луѓе. Но, Mercedes уште многу порано пробал да влезе на Аргентискиот пазар, а тоа се случило во седумдесетите години кога направил пикап базиран на моделите W114 и W115.

w115-picape-9

Тогашниот пикап се продавал под името „La Pick-up“, кој се разликувал од сите други модели на Mercedes. Имал хромирани детали, а внатрешноста била направена од квалитетни материјали, што за тоа време изгледало луксузно.

157218-mercedes-p-111

Mercedes со овој модел пробал да комбинира премиум компоненти со практичен пикап, со што истото го пробува со сегашниот x-class.

w115-picape-12

w115-picape-7-e1477660172342-620x350

Предложена објава:
МТМ го надгради Audi RS3

Германскиот тјунер МТМ го претстави Audi RS3 со 502 коњски...

Close