Наградата „Дизајн Tрофи 2016“ ја освои новиот Tiguan

Новиот Volkswagen Tiguan ја освои наградата “Дизајн трофи 2016” што секоја година ја доделува специјализираниот германски магазин за автомобили “Авто Цајтунг” за најуспешните нови развојни решенија во автомобилизмот. Новиот Tiguan доби далеку повеќе гласови пред останатите 14 конкуренти во категоријата спортско корисно возило (SUV), со што заслужено ја освои престижната награда.

Втората генерација на Tiguan за прв пат беше претставена во септември 2015 на Интернационалниот автомобилски саем во Франкфурт. Овој автомобил ги импресионираше присутните со новиот елегантен дизајн кој што зрачи со моќ и авторитет. Споредено со неговиот претходник, новиот Tiguan е подолг за шест сантиметри, поширок за три сантиметри, а со 3 сантиметри помалку во висина, новиот модел има атрактивна спортска појава. Прилично важен фактор за имплементација на новите димензии е употребата на (MQB) платформата. Резултатот е извонреден SUV со одлични пропорции и многу динамичен дизајн. Во предниот дел новата решетка на автомобилот и предните LED светла (кои што доаѓаат како стандардна опрема со нивото на опрема Highline) дополнително го засилуваат севкупниот впечаток.

 

Предложена објава:
РКЕ одлучи, од полноќ поевтини цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме...

Close