Кратка историја за Корејскиот производител Daewoo

Корејската компанија Daewoo за производство на автомобили била основана во 1937 година и постоела како компанија до 2002 година.

Кога компанијата била основана во 1937 година, се викала National Motor Company, па се до 1962 година кога го променила името во Seanara Motor и почнува соработка со Toyota и во 1972 година почнува соработка со GM. Последната промена на името, компанијата го извршила во 1983 година и тоа име го користи се до 2002 година.

Европскиот успех почнува во 1990 година со моделите Racer, Tico, Nexia и Espero. Биле активни на пазарите во источна Европа, каде што купуваат неколку напуштени фабрики и стануваат најголем продавач на деценијата. Најпознатиот модел на Daewoo е Matiz од 1998 година, но ни он ни големата Leganza не успеваат да постигнат глобален успех.

Копнанијата банкротира во 2000 година, како жртва на големата Азијска криза, додека во 2002 година ја превзема General Motor, за од 2004 година во Европа да се продава под брендот Chevrolet. На некој пазари сепак останува под името Daewoo, најдолго во Узбекистан, каде што минатата година тој бренд е заменет со Ravon.

api-model-year-image

daewoo_nexia_silver_sedan_road_1990s

daewoo-tico-09

 

 

Предложена објава:
BMW I8 наскоро “освежен“

BMW I8 наскоро ќе биде достапен во редизајнирана верзија. Сеуште...

Close