Концепт Peugeot “Traveller i-Lab”

Новиот концепт е базиран на моделот Traveller кој ќе ја носи ознаката i-Lab.

Идејата на Peugeot е пред се за луѓето кој што мораат да идат на долги службени патувања да им се овозможи голема удобност, со што ќе можат да се посветат на својте обврски. Во делот наменет за патниците ќе биде поставен таблет од 32 инчи развиен од Samsung, кој по желба на патниците ќе може да се раздови на 4 помали таблети.

Исто така i-Lab ќе биде опремен и со wi-fi мрежа, bluetooth конекција и голем број на приклучници за полнење на уреди. Внатрешноста е во црна боја и дрвени детали, а помеѓу секое седиште се наоѓаат команди за климата за секое седиште оделно.

Предниот простор каде што се наоѓаа возачот е комплетно изолиран од задниот дел каде што се наоѓаат патниците. На командната табла се наоѓа голем дисплеј со навигација, а исто така се поставени и сензори кој што ја пратат состојбата на возачот.

Предложена објава:
Како Porsche се опрости од Audi

Audi по 18 години се повлекува од трката за издржливост,...

Close