Изумот на Fiat завладеа во светот на дизелите

Fiat со својот изум Common-rail (систем за директно вбризгување) завладеа во светот на дизелитте.

Овој систем кој го користат повеќето современи дизелски агрегати, прво го развиле Швајцарски стручњаци во 1960 година, па потоа Јапонскиот Denso го доработел во механичка варијанта во 1990 година, а комерцијално успешно електронски контролирано го развил Fiat.

Системот се препознава по заедничкиот дебел вод по кој поминуваат тенки црева до цилиндрите, а исклучиво се користи со турбо полнач. Наместо комплицирана пумпа за гориво со разводник, се вградува пумпа со висок притисок, која континуирано го пумпа горивото во заедничкиот вод. Во првата генерација највисокиот притисок на вбризгување бил 1350 бари, во втората генерација 1550 бари и додека во третата генерација 1850 бари.

Третата генерација ја користи Peugeot, каде горивото се вбризгува во три фази. Chrysler користи ознака CDI, Opel – CDTI, Chevrolet – CTDI, Mazda -CD, Hyundai CRDI и Jeep – CRD. Но Fiat како и неговиот развоен партнер Magneti Marelli, ја пропуштиле приликата за голема заработка со продавање на правата на Bosch. Германскиот произведувач развил продукциска верзија, која во 1997 година почнува да ја користи Alfa Romeo, а кратко по тоа и Mercedes-Benz.

Предложена објава:
Нови поевтини цени на горивата од полноќ

Со денешната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика од полноќ ќе имаме...

Close